Ковачев: Зошто на Заев му треба оваа антибугарска провокација сега?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По повод денешното одбележување на 11 Октомври, денот на македонското востание, се огласи бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Тој по говорот на Заев од Куманово на својот профил на Фејсбук, напиша:

„Зошто на Заев му треба оваа антибугарска провокација токму сега? Србоман убива Бугарин, татко на три деца и роднина на Даме Груев. Ова се нарекува ‘народно востание’ и се прославува секоја година! Во ЕУ нема место за лагите и антибугарската идеологија“.

Заев подоцна од Пробиштип истакна дека можеби ќе треба македонските граѓани да се подготват дека ќе нема меѓувладина конференција, и со тоа нема да почнат преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Исто така додаде дека ќе најде решение со „братот“ Бојко за сите отворени прашања.