Ковачевски: 2% од БДП ќе биде минимумот за финансирање во одбраната, ние 30% веќе одделуваме за модернизација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Димитар Ковачевски при пристигнувањето на дводневниот НАТО самит во Вилнус истакна дека на самитот ќе бидат донесени важни заклучоци за дејствување на вода, копно и водух. Тој ја потенцираше и важноста за разговорите кои денеска ќе се водат и по темата за сајбер одбраната.

„Дополнително во однос на финансирањето на сите овие потреби во одбраната, тоа значи дека 2% од БДП ќе биде минимумот за финанистање во одбраната, од кои 20% да бидат за модернизацијата. Северна Македонија е земја која веќе инвестира 30% од буџетот во модернизација“, истакна Ковачевски.

Тој додаде дека позицијата на Северна Македонија во однос на Украина е веќе јасна и ние како 30-та земја членка на НАТО ја поддржува идејата за отворена врата.

Инаку до овој момент најважна е одлуката која беше постигната вчера, за членство на Шведска во Алијансата.