Должност на 120 пратеници е да гласаат за уставните измени, бидејќи сега само од нас зависи нашето патување кон Европската унија, рече премиерот Димитар Ковачески на заедничката конференција со европратеничката Ираче Гарсија Перез.
Тој како пример ги наведе земјите кои до 90-тите биле дел од „Варшавскиот договор“, а кои денес се дел од ЕУ и имаат многу подобар животен стандард. Поради тоа, како што вели Ковачевски, пратениците треба да размислат за нашата европска иднина.
Европратеничката Ираче Гарсија Перез, истовремено и претседателка на Прогресивна алијанса на социјалдемократи втора најголема партија во Европскиот парламент, рече дека Северна Македонија припаѓа во Европската унија и е дел од европското семејство, нагласувајќи дека прашањето за уставни измени е од национален интерес и дека партиските игри треба да се остават на страна.
-Во ова прашање опозицијата мора да има јасна позиција и јасен став. Не можете да бидете против сѐ постојано, мора да имате алтернатива. Ако не го делите тој став, тогаш треба да кажете кој е вашиот став. Сега не е време да се игра со партиски прашања, сега е време да се сфати дека национален интерес е да се работи на ова и сигурна сум дека оваа одговорност ќе биде во рацете на различни актери што ги имаме во овој момент-рече Гарсија.
Минатата недела, премиерот Ковачевски свика лидерска средба со цел обединување околу прашање за уставните измени и вметнувањето на Бугарите во Уставот и текот на европскиот пат, но средбата заврши без заеднички став.
