Ковачевски и Спасовски во посета на ИТК Центарот – „Back-up“ база каде се чуваат заштитени податоци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е објектот на ИТК центарот во Прилеп, во кој се чуваат  заштитени податоци и информациски системи во земјава. Овој центар гарантира дека системот ќе работи доколку се загрози работата на примарниот работен систем. Истиот ги зачувува податоците во случај на природни катастрофи или предизвикани од човечки фактор.

Вкупната инвестиција е околу 11 милиони евра, средства обезбедени преку ИПА фондовите, но дел покрива и Министерството за внатрешни работи. Станува збор за објект со најсофистицирана опрема, со највисоки безбедносни стандарди и како што велат владините претставници, тој е прв центар од ваков вид во регионот.

За важноста на овој центар зборуваше и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Го прашавме министерот Спасовски, која е улогата на овој центар во конкретни случаи, доколку во Македонија се случат катастрофи од различен карактер.

Спасовски соопшти дека веќе се потпишани договори со 4 институции кои ги чуваат нивните податоци овде. Овој систем, според Спасовски, е многу важен во време кога во тренд се хибридните напади.