Ковачевски и Вучиќ загрижени за струјата во зима – граѓаните велат дека иако штедат, сепак плаќаат скапо

НАЈНОВИ ВЕСТИ

-Како ќе излеземе на крај со плаќањето струја Димитар?

-Тоа ќе биде најтешко.

-За тоа ќе зборуваме утре, тој дел е најтежок.

Ова беше слободен разговор меѓу премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во текот на вчерашниот саем на виното.

А кога лидерите на двете земји се загрижени за зимата што доаѓа, што мислат граѓаните за цените? Дали штедат и колку плаќаат?

-Секако дека штедиме, вели еден граѓанин.

ТВ21: Колку ви е сметката?

-Да ти кажам право лани во споредба со сега 100% повисока сметка за струја, вели граѓанинот.

За сметките се огласија и од народниот правобранител , од каде што најавија отворање на постапка.На социјалните мрежи имаше реакции за процедурата на делење и распределба на струјата. Во врска со ова, претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, рече дека нема никаков проблем и дека законите се прилагодени според европската пракса.

Од Владата уверуваат дека нема да има проблеми со електричната енергија бидејќи се обезбедени 50 милиони евра капитална инвестиција, но од друга страна им препорачува на граѓаните да штедат струја со цел да има за сите.