Ковачевски: Изборот е меѓу надеж и безнадежност, меѓу мораториум и европска иднина

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 8-ми мај изборот нема да биде само помеѓу партии и кандидатски листи. Изборот на 8-ми мај е многу посуштински за сите нас како граѓани на оваа држава, меѓу надеж и просперитетна иднина со СДСМ или безнадежност и вражање 10 години назад со ВМРО-ДПМНЕ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Охрид на Коалицијата за европска иднина. 

-Вашиот глас има огромна вредност. Затоа убаво размислете кому ќе го дадете на 8-ми мај. Дали ќе изберете надеж и просперитетна иднина со СДСМ или безнадежност и враќање 10 години назад со ВМРО ДПМНЕ.   Дали ќе поддржите искреност, посветена работа, чесност и одлучност или кукавичлук, манипулации и лажен патриотизам, рече Ковачевски.

Јас Димитар Ковачевски, во име на сите мои другарки и другари од СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, ве повикувам на 24 април и на 8-ми мај да го заокружите бројот 1 и да гласате за европска иднина, додаде Ковачевски. 

СДСМ, Коалицијата за европска иднина и нашиот претседател Стево Пендаровски ви нудиме јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда и во која има слобода медиуми, потенцираше Ковачевски. 

-Одиме на победа!  Нема застанување додека не ја направиме Македонија дел од Европа!

Нема откажување додека Европа не ја донесеме во Македонија!  Нема откажување од иднината!, рече вечерва претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на предизборниот митинг на Коалицијата за европска иднина во Охрид.