Ковачевски ќе го кани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на средба, Мицкоски ќе прифати, но има услов

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кога земјава е на праг пред уставни измени, премиерот Димитар Ковачевски планира следните 10 дена да оставри средба со лидерот на македонската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ова со цел да се разговара за интегративниот процес на земјава и градење еден став во врска за односите со соседните земји.

Подготвеност за средба изразија и од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека меѓу другото сакаат да дебатираат за тоа што ќе се случи по пропаѓањето на уставните измени. Од оваа партија се убедени дека мнозинството нема 80 гласа за усвојување на внесувањето на Бугарите и другите малцинства во Уставот.

„Кога станува збор за националните и државни интереси на Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски е подготвен да разговара во било кое време. Доколку постои желба за национално единство и слушање на гласот на мнозинството, прифаќаме лидерска средба на која треба меѓудругото да се види што ќе се прави во периодот по неуспехот на тие уставните измени и иднината на граѓаните која треба да се обезбеди“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат уставните измени итно да се најдат на пленарна седница во Собрание, а доколку истите не поминат, премиерот Ковачевски да си поднесе оставка. Додека ВМРО-ДПМНЕ е убедена дека овие измени нема да поминат, премиерот Ковачевски е убеден дека измените ќе се случат и дека земјава ќе продолжи по патот кон ЕУ.