Заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски, зборуваше во економскиот магазин „21МИНУТА“ на ТВ21 околу буџетот, буџетскиот дефицит, а меѓу темите беше ио долгот за идната година.
Ковачевски рече дека за идната година доспева и Еврообврзницата од 500 милиони евра.
„Во однос на долгот, за идната година, би ги поставил работите суштински. Ние имаме проектиран дефицит од 34,9 милијарди денари, имаме отплата по основ на главница на надворешен долг од 37,2 милијарди денари, не смееме да заборавиме во јули доспева Еврообврзницата за враќање на 500 милиони евра, издадена 2014 година, и имаме отплата на домашен долг во износ од 6,1 милијарди денари“, рече Ковачевски, кој објасни како ќе се финансираат овие долгови.
„Сите овие долгови, ќе се финансираат преку задолжување од странство, и преку домашниот пазар од државните хартии од вредност.“, изјави Ковачевски.
Целата изјава околу долгот за идната година, низ следното видео:
