Ковачевски му честиташе на Филипче: Му посакувам успех во соочувањето со предизвиците кои се исправени пред СДСМ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сега веќе екс лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, му честиташе на новиот претседател на партијата, Венко Филипче, и му посака успешно справување со предизвиците.

„Честитки за новиот претседател на СДСМ, Венко Филипче. Му посакувам успех во соочувањето со предизвиците коишто се исправени пред СДСМ, унапредување на социјалдемократските вредости и градење на победнички Социјалдемократски сојуз на Македонија!“, стои во објавата на Димитар Ковачевски.