Ковачевски: Не чека тешка година, најкризна после втората Светска војна, има енергетска криза, војна, ковид-19, зголемување на цените…

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Димитар Ковачевски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека не чека тешка година, односно најкризна после Втората Светска војна.

Тој додава дека има енергетска криза, војна, ковид-19, како и зголемување на цените.

„Не очекува исклучително тешка година, ова е година која е најкризна после Втората Светска војна. Во тоа време се уште беше на високо ниво инфлуенцата со ковид-19, а исто така беше и период на енергетска криза којашто практично започна при крајот на минатата година, а доби на интензитет на почетокот на годината, и дополнително тоа што го немаше во тој момент – војната во Украина, односно воената агресија на Русија врз Украина“, вели Ковачевски.

Според него, тоа дополнително ги влошило условите на светскиот, економскиот и нашиот пазар со зголемување на цените.