Премиерот Димитар Ковачевски ќе отпушти дел од советниците кои ги наследил од поранешниот премиер, Зоран Заев, а останатите ќе работат во области во кои се квалификувани, но не како советници. Ковачевски рече дека планира да има помалку советници од неговите претходници, но дека тие ќе бидат професионалци во својата област и со над 20 години искуство.
Ковачевски рече дека нема потреба од советници во одредена област, кога постојат ресорни министерства, а советниците ќе бидат само за области каде што има простор за стручно мислење.
Во октомври 2020 година беше објавено дека во кабинетот на поранешниот премиер Заев се ангажирани 54 лица, од кои 23 советници, а според ВМРО-ДПМНЕ тоа ја чинеше државата 246 илјади евра годишно. СДСМ обвини дека во времето на Груевски, неговите советници чинеа 1,7 милиони евра годишно.
