Процесот на уставни измени е клучен за евро интеграцијата на земјата и не треба да биде условен, изјави премиерот Димитар Ковачевски по најавите на албанскиот опозициски блок дека нема да ги поддржат уставните измени доколку не биде укината формулацијата „20 отсто“и доколку не се прифатат амандмани за борба против корупцијата. Според Ковчаевски, за укинување на „20 %“ потребен е широк консензус и согласност од сите потписници на Охридскиот договор, бидејќи договорот е одобрен под тешки услови и со компромис, чии гаранти се САД и ЕУ.
Освен албанската опозиција и македонската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ со став дека нема да гласа за уставните измени.
Опозицискиот блок – Движење Беса, Демократско движење и Алтернатива, со јасен став дека нема да гласаат за уставните измени кои вклучуваат внесување на Бугарите и другите етнички малцинства во Преамбулата на Уставот, што е услов за отворање на поглавја од преговорите за членство на земјата во ЕУ. Од Алтернативата велат дека освен укинувањето на „20 отсто“ од Уставот, кои се однесуваат на албанскиот јазик, бараат и прифаќање на нивните амандмани за борба против корупцијата.
