Ковид-19 ги дигитализира предавањата! – Радевски: Студентите се поредовни со онлајн методата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Онлајн наставата воведена поради Ковид-19, речиси целосно ги дигитализираше предавањата на професорите. Проректорот за образование на Универзитетот на Југоисточна Европа, Владимир Радевски, вели дека искуството е позитивно и дека присуството на студентите на онлајн предавањата е поголемо, отколку на традиционалните предавања.

Проректорот за наука на Универзитетот „Мајка Тереза“ Беким Фетаји, објасни кои платформи се користат на овој универзитет за спроведување на онлајн наставата.

Но, колку всушност е ефективна оваа онлајн метода? Министерот за образование, Арбр Адеми, е свесен дека овој начин не ја надоместува практичната настава, но сепак, како што вели, во моментов е неопходно наставата да се организира во ваков формат.

Говорејќи за владините мерки донесени како последица на коронавирусот, Адеми уште еднаш повтори дека нема да поддржи никаков предлог за намалување на платите на наставниците.