Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат.
Слаби врнежи од снег на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир со задржување на коловоз. Намалена видливост и појава на магла на планинскиот премин Плетвар до 50 м.
Од 19:10 часот, сообраќајот на експресниот пат Кочани – Штип во
близина на с. Тркање е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевајне на (Калковска Река) на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 с.Марвинци-Валандово.
