Крај за бензинските и дизел автомобили во Британија од 2030 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Британскиот премиер Борис Џонсон, најави забрана на бензинските, дизел но и хибридните автомобили почнувајќи од 2030 година. Според најновите информации, целосната забрана ќе стапи на сила во 2040 година, односно десет години ќе имаа рок граѓаните да се ослободат од дизел и бензинските мотори.

Целосно ќе се забрани продажбата на нови автомобили на дизел и бензин од 2030 година, додека хибридните возила ќе може да се продаваат до 2035 година, под услов одредена далечина да можат да минат само на струја.

Од 2035 година во Британија, жителите ќе може да купуваат само електрични автомобили, или авотмобили со погон на водород.

И Германија се одлучи да го направи првиот чекор за здравјето на околината од издувните гасови на автомобилите. Од почетокот на идната година во центарот на Франкфурт ќе се вози најмногу 40 километри на час, наместо досегашните 50. Ограничувањето е воведено поради подобрувањето на квалитетот на воздухот, а истата мерка ја најавија и некои други градови. Со истата брзина ќе мора да возат и електричните автомобили, без разлика што не испуштаат штетни гасови.