Британската крализа Елизабета II (94) прв пат се појави во јавноста оваа година.
Овој јавен настап на кралицата е прв од декември минатата година, само два дена по олеснувањето на строгите мерки за ограничување воведени поради ковид-19 во Велика Британија.

Иако не носеше заштитна маска, таа одржуваше физичко растојание и на тој начин се придржуваше до епидемиолошките мерки.
Имено, кралицата, која наскоро ќе наполни 95 години, денес го посети спомен обележјето на военото воздухопловство во Ранимед, по повод 100-годишнината од кралското воено воздухопловство на Австралија.
За овој настан кралицата избрала светло зелен комплет, додека пак како моден додаток избрала шешир во истата боја со цветови.

Својот стил го заокружила со чанта од лондонскиот луксузен бренд „Launer“.
Имено, оваа лондонска компанија е нејзин официјален снабдувач веќе 40 години. Чантите се рачно изработени во Волсал и чинат помеѓу 1.500 и 11.000 фунти во зависност од дизајнот и материјалите.
Да потсетиме, кралицата Елизабета Втора не е видена во јавноста од декември откако се дружеше со членовите на кралското семејство во замокот Виндзор на Божиќната забава.
