Екс портпаролот на ОВК, Јакуп Красниќи, во текот на неговиот говор денеска пред судското тело во Хаг рече дека не бил вклучен во ниту едно убиство или во друга криминална политика. Красниќи рече дека нелогично е обвинението против него. Тој рече дека овој говор го одржува пред судското тело не за да се заштити од оцрнувањето што му го направи обвинението на Специјализираното обвинителство, туку да го открие тоа што ја покажува неговата невиност.
„Не ја разбирам логиката на сегашното обвинение против мене, врз нашиот народ е применето систематско насилство, убиства, затвори, мачења и депортации, мразам насилство, убиства, затвор, тортура и казнување не само затоа што се применети кон нашиот народ и мене лично, но затоа што ги сметам за многу ниски и нехумани, секој што ја зборува вистината ќе каже дека јас Јакуп Красниќи никогаш не сум бил вмешан во никакво убиство, во никакво затворање, во каква било форма на притисок врз некого. Мојот интелектуален и човечки интегритет ми овозможи да бидам јасен за тоа кои алатки треба да се употребат за да се постигне национално ослободување во војната против оние кои извршија геноцид врз нас“, вели Касниќи.
