Безбедноста и интеграцијата на Западен Балакан во Европската унија се двете теми кои два дена на Преспа форумот во Струга беа клучни теми на разговор. Пораката е јасна дека Европската унија мора да јасна визија за земјите од Западен Балкан. Претседателот Стево Пендаровски не е среќен што поради Војната во Украина повторно е живо прашањето за проширување на ЕУ. Тој вели дека овој процес им е потребен на земјите со цел да напредуваат. Хрватскиот претседател пак ја критикуваше и Европската унија и европските институции велејќи дека Западен Балкан станал понижување, споменувајќи ја Албанија и прашувајќи како може толку години да е земја членка на НАТО, а од друга страна не може да стане земја членка на ЕУ.
„Имаме сфери на влијание и игра на тронови. Не треба да бидеме крвави како вистинската серија, но всушност се станува спор токму за тоа.“, вели Милановиќ.
На ист став е и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ кој во отвореното студио на ТВ21, отворено и без резерва ја критикуваше Европската унија.
„Не велам дека не е се до нас. Најголем дел од работите се до нас. Кога велам на нас, мислам на сите држави, на Црна Гора на Северна Македонија и на останати. Но, нешто е и до ЕУ.“, вели Абазовиќ.
-Што на пример?
„Па еве јас ќе ви кажам на пример. Ако мислат тие дека после руската агресија врз Украина треба да се однесуваат ноешалантно кон Западен Балкан…“, рече Абазовиќ.
-Што значи ноешалантно?
Абазовиќ: Тоа е тоа. Постојано да испраќаат пораки дека има руско влијание, дека има кинеско влијание, треба да го направите ова, треба да ја промениме методологијата, а конкретно да не се случува ништо. Јас мислам дека тоа е погрешна тактита и недостаток на визија. Навистина мислам дека е така. Ако некој мисли дека Северна Македонија да промени име, а да не може може да почне преговори, може некој во Брисел мисли дека тоа е во ред, јас не мислам така.
Двата дена се разговараше и за Отворен Балкан и за тоа дали оваа иницијатива може да биде замена за Берлинскиот процес или пак замена за ЕУ.
„Отворен Балкан треба да ги опфати сите шест земји од Западен Балкан. Но тогаш сите ќе прашаат што е со Берлинскиот процес. Во овој момент како претседател на државата мислам дека Берлинскиот процес треба да биде сфатен и прифатен како своевиден чадор за овој регион, за Западен Балкан. Да биде само глобална иницијатива како врска меѓу ЕУ и Западен Балкан.“, изјави претседателот на Македонија Стево Пендаровски.
„Шест држави од Западен Балкан сакаат да бидат дел од ЕУ. Наместо долготрајно чекање, треба меѓусебно да комуницираме и соработуваме. И мислам дека Отворен Балкан е добра иницијатива со оглед на тоа што има економска соработка која треба да ги вклучува шесте земји од Западен Балкан и сите нации од регионот, но Берлинскиот процес мора да биде чадор во таа политичка соработка.“, рече Бегај, албанскиот претседател.
„Како економист преферирам балканскиот регион да биде отворен. Трговската размена, движење на луѓе, тоа е нешто што може да биде постигнато или преку Отворен Балкан или преку Берлински процес или преку некој друг процес. Мислам дека тоа е добро. Но мислам дека тоа е прашање е политизирано во Црна Гора и презентирано на погрешен начин, во српскиот свет, во албанскиот свет или некои други. Но ако само малку се тргнеме и го набљудуваме тоа прашање од економски аспект, верувам дека иницијативата која носи вредности е позитивна.“, рече црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.
Ова овој форум се одбележаа пет години од потпишувањето на Преспанскиот договор кој пак ги отвори вратите на нашата држава кон НАТО Алијансата, а се направи и чекор напред кон Европската унија. Гостите се согласни дека, тоа што во моментов не бара опозицијата во Македонија и Грција укинување на овој договор, е доволен показател колку тој е успешен и добар.
Јовица Пауноски, ТВ21, Струга.
