Кривична пријава за лицето кое со тврд предмет тепало куче

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.К.(61) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од граѓанин на 19.11.2024 во 09 часот дека во Момин Поток-индустриска зона Љ.К. со тврд предмет нападнал куче и му нанел повреди.

МВР денеска соопшти дека со Љ.К. е извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ на РСМ.