Кривични пријави против три лица – во грмушка сокриени над 5 килограми марихуана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ф.Ц.(33) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, како и против К.К.(33) и А.С.(26), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

Првопријавениот, во месноста „Врабич“, во близина на патот кон Струга, во грмушка скрил вреќа во која имало 5 килограми и 480 грама марихуана.

Тој бил затекнат во момент кога ја препакувал дрогата, а по кратко време со патнички возило пристигнале второ и третопријавениот, кои требало да ја преземат дрогата во помали пакувања.