Ова е покривот на ТЦ „Мавровка“во центарот на Скопје.
Напуштен, уништен, кородиран, со отпад и остатоци од бетон насекаде. Градот Скопје во соработка со Општина Чаир и Здружението на сопственици на деловен простор во Деловниот центар „Мавровка“ потпиша Меморандум за поставување на зелен кров, кој е биде третиот објект во Скопје чиј рамен покрив ќе биде претворен во зелена оаза.
Долг период овој трговски центар беше оставен во заборав и без инвестиции. Дури пред неколку месеци почна изградбата на објект без дозвола за градба, кој потоа беше урнат од властите.
Во овој простор се планира да бидат засадени над 40 различни видови на садници.
Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, рече дека овој проект видно ќе го подобри изгледот на градот и дека ќе придонесува и во еколошкиот аспект и прочистување на воздухот.
Автор и донатор на овој проект е архитектот Бесиан Мехмети.
Еден од еснафите на Стара Чаршија, изјави дека тоа ќе биде добро за децата.
Во 2019 година и покривот на ГТЦ е зазеленет со површина од 1800 м2 каде беа засадени 50 разни садници.
Зелениот покрив на ТЦ Мавровка е инвестиција на Град Скопје чија вредност ќе се определи во јавна набавка.
