Во општина Чаир започна изградбата на кружните текови, нешто што го вети градоначалникот Висар Ганиу во “договорот“. Но некои од граѓаните се жалат за нивниот квалитет. За кружниот тек поставен во близина на градинката Фидани велат дека не е како што треба. Недостига патна сигнализација и како последица на тоа, кружниот тек веднаш е оштетен. Имало случаи кога во нив имаат удрено автомобили.
“Имаше потреба, но уредувањето не е направено како што треба и не знам колку пати имаат удрено со автомобили во него за само една недела откако е изграден. Има оштетени автомобили, нема знаци.
“Ова не е во ред. Многу е тесно. Не може од тука да сврти кола и да излезе таму. Еве како ги имаат удрено со кола и ги имаат оштетено.
“Требаше одамна. Каде што сме, добро е, и од кого е, многу добро е“
Но како што се гледа, проблемот е и во недостигот на култура во сообраќајот. На кружен тек овој автомобил застанува за да земе патници, а другиот влезе во спротивен правец.
Од општина Чаир велат дека одлуката за изградба на кружните текови кај градинката Фидани е донесена во консултација со експерти, а најавија дека сличен таков ќе изградат и кај основното училиште Исамил Ќемали.
-Одлуките за изградба на кружни текови на улиците се двострани, општина Чаир консултираше сообраќајни експерти и тоа го направи врз основа на анализите за големиот број сообраќајни несреќи тука. За да се одреди бројот на следните кружни текови на споредните улици се прават анализи за визибилити студии со кои ќе се одреди потребата за нив. Во тек се работите за изградба на кружен тек во соработка со Град Скопје на булеварот Втора Македонска бригада-велат од општина Чаир.
И кружниот тек во близина на Топлификација стана јаболко на раздор а како што може да се види еден од 4 знаци и сега е оштетен.
Ганиу вети дека ќе се изградат 15 кружни текови, но до сега во соработка со Град Скопје е изграден само еден, а вториот во близина на Поликлиниката Чаир, само што почна да се гради. нТој во близина на градинката Фидани е проект на Општината.
