Пукање во Шпанија, две лица загинаа – напаѓачот се предаде на полицијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Напаѓачот кој доцна синоќа уби две и рани четири лица, меѓу кои и две малолетни лица, во општината Ел Ехидо во шпанскиот град Алмерија, се предаде на полицијата, објавија денес шпанските медиуми, наведувајќи дека двајцата убиени лица биле родители на напаѓачот.

Извори од Шпанската цивилна гарда потврдија дека едно од повредените деца, кое е во критична состојба, има седум месеци и е син на сторителот, објавува „Ел Паис“.

Едно двегодишно дете е исто така рането, додека другите двајца се жена која е во сериозна состојба и шеесетгодишен маж.