Лаењето на Пинат (Peanut), кучето кое грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и неговите соработници пред пет месеци го вдомија во премиерската палата во Атина, за момент ја прекина заедничката прес конференција премиерите на Грција и Словачка, јави дописничката на МИА од Атина.
За време на изјавата на Мицотакис, откако го заврши делот за Западен Балкан, во кој порача дека иднината на Балканот е во Европа, Пинат започна да лае.
Кирјакос Мицотакис, за момент запре, за да го информира неговиот словачки колега и на Едуард Хегер да му објасни дека станува збор за „бучниот“ Пинат.
-Ова е кучето кое што неодамна го посвоивме и кое понекогаш е малку бучно. Но, ова е првпат да интервенира на прес конференција, обично не пречекува на врата и е пољубезен “, рече со насмевка Мицотакис и продолжи со прес конференцијата.