Кучињата скитници, нерешен проблем во Кичево – две гимназијалки почнаа петиција за изнаоѓање решение

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Почетокот на учебната година и поголемото присуство на ученици на улиците на Кичево го зголеми бројот на напади од кучиња скитници. Овие две средношколки не гледајќи излез, решиле да направат онлајн петиција за изнаоѓање решение. Марија раскажува за случаи на напади од кучиња, а една од нив е нејзината мајка, која и денес ги трпи последиците.

Мартина вели дека идејата за петиција дошла поради секојдневното соочување со кучињата на улица на патот до училиште.

Решението е многу едноставно, велат ученичките. Парите што општината ги дава за ошттеи за лицата нападнати од кучиња скитници да се собираат за изградба на стационар за кучињата.

По завршување на петицијата, тие ќе побараат од градоначалникот да го реши проблемот. Од СВР Охрид секој ден стигнуваат соопштенија за пријави од граѓани кои се нападнати од кучиња скитници. Нападнатите кои ќе го пријавата нападот, добиваат оштета од 500 евра нагоре.