Европратеникот Илхан Ќучук, вечерва во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека и сегашната земја претседавач со ЕУ Португалија, прави многу околу ангажман на процесите во Западниот Балкан.
„Заслужува почитување тоа што го прави Португалија, сепак тоа е земја која не го познава во детали регионот, низ годините не се ангажирала многу сериозно со процесите на Запаниот Балкан и тоа од секоја една гледна точка треба да биде охрабрено и поддржано, но не би рекол дека тоа е просто една иницијатива на португалската Влада, тоа е една иницијатива на Европската Унија, која што сака да го постави Западниот Балкан, на едно друго равниште. Во спротивно и тоа не е ново, секогаш сум го кажувал губиме сите, губи Република Бугарија, Република Северна Македонија, губи и Европската Унија.“, вели Ќучук.
Целата изјава низ видеото:
