Куманово во 14 дневен карантин? – „Не сум за ригорозни мерки, ќе одлучат епидемолозите“, вели Спасовски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски веќе еден месец бара Куманово целосно да се изолира како Дебар и очекува ова барање да го одобри Комисијата за заразни болести.

Куманово, според процентите по глава од жител има најмногу заразени со Ковид-19 во земјава.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски рече дека тој лично не е за поригорозни мерки, како што е 14 дневен карантин за Куманово.

Но, тој додава дека доколку такво нешто ако епидемиолозите го оценат како позитивни нешто, тогаш мерката ќе биде донесена.

И вицепремиерот Бујар Османи во улога на национален координатор изјавил дека Владата го разгледува барањето на локалните власти, Куманово да се стави во целосен карантин.

Одлуката ќе произлезе од Општинскиот штаб што се одржува во Куманово. Инаку до вчера во Куманово бројот на заразени со Ковид-19 изнесуваше 236 граѓани.