Куманово: решенија за работа по 13 години

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во болницата во Куманово, денеска решение за работа добија околу 100 вработени, лекари и друг медицински персонал. По неколкуте протести за регулирање на нивниот статус, денеска ги добија решенијата.

Доделувањето на решенијата според директорот на болницата е предвидено со Законот за трансформација на работниот однос. Директорот на болницата, Ариф Латифи, потенцираше дека ова е важен момент за болницата во Куманово.

Висаре Шаќири, вработена во болницата во Куманово, вели дека околу 8 години работела во болницата за сума од 3.900 денари. Таа е среќна што нејзината плата  ќе се зголеми бидејќи е една од вработените што го решиле нивниот работен статус.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Насуф Ипчја, истакна дека продолжува да расте бројот на Албанците во здравствените институции.

Покрај директорот на болницата и државниот секретар за здравство, присутен беше и министерот за економија, Беким Незири, и министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани. Со последниот закон, одобрен од Парламентот, над 3000 илјади вработени без регулиран работен статус, во државните и јавните институции ќе добијат решенија за редовно вработување.