Куп на Македонија: Познати сите полуфиналисти

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Екипите на Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Лум ќе играат во полуфиналето на Купот на Македонија. Ова е исходот по денешните реванши од 1/4 финалето.

Во Струмица Академија Пандев и Шкупи одиграа 1:1, и со вкупни 2:1, тимот од Струмица се пласираше понатаму. На Арената „Тодор Проески“ Работнички и Шкендија одиграа 2:2, и благодарение на повеќе голови во гости, тетовскиот тим оди во следната фаза.

Струга Трим Лум со победа од 2:1 над Ренова, го завери пласманот во полуфиналето, додека Брегалница триумфираше на гости кај Лабуништа со 1:3 и со вкупни 1:4 отиде во полуфиналето.

Брегалница, воедно, е единствениот второлигаш кој обезбеди пласман во полуфиналето.