Саемот „Купи куќа, купи стан“ во Скопје Сити Мол за три дена го посетија стотици граѓани заинтересирани за проектот, кој нуди владина помош при решавање на станбеното прашање во вид на субвенции на станбен кредит. На саемот, освен Министерството за финансии, изложуваат и 20 компании – градежни фирми со понуда на станови и банки преку кои може да се земаат станбени кредити во рамки на проектот. Саемот „Купи куќа, купи стан“ трае до утре, 1 ноември. Проектот, пак, продолжува и 2016 година.
