Куполите на плоштадот „Скендербег“ ќе се претворат во библиотека! Саемот на албанската книга во Чаир ќе се одржува секоја година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека на плоштадот „Скендербег“ во Скопје ќе биде изградена библиотека-читaлна, пренесува ТВ21.

Меџити изјави дека ќе се искористат постојните метални конструкции над плоштадот, односно куполите.

„Нашата цел е просторот над плоштадот ‘Скендербег’, каде што постои конструкција со потенцијал за трансформација, да добие нова културна и образовна функција. Сакаме тој простор да се претвори во модерна читална и библиотека“, изјави Меџити.

Тој додаде дека Саемот на албанската книга во Чаир отсега ќе се одржува секоја година и ќе стане традиционален настан.

„Од еден настан, кон трајна институционална и просторна вредност, а саемот ќе биде традиционален од сега па натаму“, истакна Меџити.