Мандатарот за состав на новата Влада на Косово, Албин Курти денеска преку својот Фејсбук профил ја повика албанската дијаспора од Северна Македонија да се регистрира на веб страницата на Државниот завод за статистика.
„Бидејќи според македонскиот Устав политичките права на граѓаните во Северна Македонија ги диктираат бројките, регистрацијата на секој граѓанин е исклучително важна. Ова значи дека за политичката застапеност, капиталните инвестиции, вработувањата, распределбата на буџетот, субвенциите за земјоделците, стипендиите за ученици и студенти, донациите за општините и слично зависат од бројот граѓани на двете најголеми државотворни заедници заедници на Северна Македонија. Напишете го вашето име и кликнете на опцијата: албански“, објасни Курти.
