Кузеска: Како се чувствува Божиновска и дали има бугарска самосвест не е прашање за адвокати!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, денеска на прес конференција порача дека како се чувствува министерката Сања Божиновска и дали има бугарска самосвест не е прашање за адвокати.

Според неа, недозволиво е да ја лаже и да ја манипулира јавноста, таа извршува висока јавна функција и поради односите со Бугарија има должност да и соопшти на јавноста за нејзината самосвест.

„Божиновска должи одговори и за долгот на фирмите од 1 милион евра“, вели Кузеска.