Кузеска: Коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ убаво си функционира во Собранието

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Богданка Кузеска рече дека во Собранието се гледа дека има коалиција ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ. Таа во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека ДУИ дава поддршка на закони од ВМРО-ДПМНЕ, и покрај реториката на власта за сегашната опозиција.

„Гледам во Собранието дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ убаво си функционираат“, рече Кузеска.

„Она што треба да го гледаат граѓаните дали има коалиција или не, се гледаат фактите. Али Ахмети вели дека не биле резервна гума, и сега гледаме дека двете партии си го билдаат рејтингот“, изјави Кузеска која додаде дека таа коалиција е на штета на граѓаните.