Кузеска: Ние повторно сме во конфликт со наш сосед

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Богданка Кузеска од СДСМ во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека Македонија повторно е во конфликт со сосед, овојпат со Бугарија.

„Самите тие побрзаа да се пофалат и ги ставија тие фотографии со претседателката каде го немаше македонското знаме. Гледавме во тие денови како известува Бугарија, а како нашите медиуми. Ние повторно сме во конфликт со наш сосед. Се сеќавате претходно ВМРО-ДПМНЕ кога беше на власт. Еден европратеник кажа: „Македонија од една симпатична земја, стана една огорчена земја која сака да биде во караница со сите“ – рече Кузеска.