Лансирана „Ада“, дигитална асистентка – Халили: Граѓаните да комуницираат за да користат државна помош

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓаните кои сакаат да имаат повеќе информации за државната помош за бизниси, повици или грантови, странските инвеститори кои се заинтересирани за инвестирање во земјава, помош и информации, од денеска можат да ги побараат од АДА, дигиталната асистентка која се базира на вештачка интелигенција.

„Јас сум АДА, првата дигитална асистентка на владата на Република Северна Македонија. Можам да ви помогнам со информации кои се однесуваат на активни повици на ФИТР и финансиска поддршка кои се под законот за финансии и зоните на ФИТР и тоа на македонски, албански и англиски јазик. Тука сум за да одговорам на прашањата во врска со расположливите програми за државна помош од владата на РСМ. Исто така можам да ви помогнам да аплицирате за некој одреден повик, да ја проверите адаптибилноста на вашата компанија за некој од отворените повици“, вели Ада.

АДА зборува три јазици, албански, македонски и англиски и е достапна 24 часа на ден за да одговори на повеќе од 260 прашања. Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Фестим Халили, рече дека АДА може да се најде на веб-страницата ada.gov.mk, која ќе биде достапна за комуникација на Вибер, Фејсбук – Месинџер но и на веб страниците на -институциите.

„Достапно е на веб-страница. Има QR код кој што може да се скенира и преку социјалните мрежи е овозможено граѓаните да комуницираат со АДА и да ги постават сите потребни прашања што ги имаат за да ги искористат овие државни помагања кои се дадени, особено понудените грантови. од страна на Фондот за иновации и технолошки развој каде во текот на оваа година предвидуваме да имаме 4 поголеми јавни повици за микро, мали и средни компании“, вели Фестим Халили.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека АДА ќе им помогне на граѓаните, но најмногу на странските бизнисмени кои се заинтересирани да инвестираат во нашата земја.

„АДА, за разлика од гласините дека јавниот сектор не е ефикасен, ќе биде достапна 24/7. Ќе може да опслужува неограничен број корисници во исто време, без чекање и без потреба од префрлање од една во друга институција, а сите ќе ги добиваат истите информации, кои се од суштинско значење за отстранување на просторот за манипулација со информациите“, порача Фатмир Битиќи.

Според министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција АДА ќе се обиде да ја намали корупцијата во земјава.

„Знаеме дека дигитализацијата кај нас е општо препознаена како форма на тренд не само за давање услуги во реално време туку и за намалување на корупцијата на тоа ниво. Така што ние длабоко веруваме дека во форма на овие дигитални услуги ќе се обидеме да го оптимизираме и намалиме овој дел во нашата земја“, порача Азир Алиу.

За изработка на АДА програмата ФИТР издвои 9 милиони денари, додека според надлежните овој проект претставува почеток на технолошки промени во државата.