Лап-топ компјутери за институтот за јавно здравје – „Донацијата е продолжување на американската поддршка“, вели Мемети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Институтот за јавно здравје доби донација на лаптопи од Македонско-Американската Алумни Асоцијација. Лаптопите ќе служат за прибирање и анализирање на податоците за Ковид-19. Претседателката на асоцијацијата Верица Јорданова, истакна дека опремата ќе се користи за размена на информации поврзани со КОВИД-кризата помеѓу земјите од Западен Балкан, вклучително Бугарија и Грција.

Лук Захнер, портпарол во Амбасадата на САД во земјава, истакна дека донацијата е дел од постојаните напори за поддршка на локалните институции во Северна Македонија во борба против епидемијата.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети со став дека денешната донација е  продолжување на поддршка на Американската амбасада и УСАД за зајакнување на капацитетите на Институтот.

Мемети рече дека ИЈЗ на дневна основа успева да направи и до 1.500 тестови за КОВИД -19 и дека ги имаат сите капацитети за да им одговорат на барањата на граѓаните.