Лавина усмрти тројца скијачи во Италија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лавина вчера погоди група од пет скијачи во северниот италијански регион Пиемонт, при што загинаа тројца од нив, соопштија спасувачите.

Двајца преживеале и со хеликоптер биле пренесени во болница. Околу пладне лавина ја погоди источната страна на планината Пунта Валгранде, на границата меѓу Италија и Швајцарија.

Лавината ги влечела скијачите кои загинале по ридот неколку стотини метри, при што се здобиле со смртоносни повреди.

На подрачјето над 2.100 метри е издадено предупредување за „значителна опасност од лавини“.