Лавров: Нападите се знак дека Западот сака да ескалира

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Рускиот министер за надворешни работи изјави дека нападите врз регионот Брјанск во земјата од страна на Украина со американски ракети се јасен сигнал дека Западот сака да го ескалира конфликтот.

„Без Американците, невозможно е да се користат овие високотехнолошки ракети, како што повеќепати кажа Путин“, рече Сергеј Лавров.

Лавров рече дека се надева оти новата нуклеарна доктрина на Москва, во која Владимир Путин го намали прагот за нуклеарен напад, ќе биде внимателно прочитана.

Тој додаде дека одлуката на Германија да не и дава ракети со долг дострел на Украина досега е „одговорна позиција“.

Лавров, исто така, рече дека Русија ќе направи се што е можно за да го спречи избувнувањето на нуклеарна војна.