Леб од 33 денари во маркетите има – најава за замрзнување на цени на други производи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со фотографија пред пецивата и со натпис “next“ што во превод би значело следна постапка, министерот за економија, Крешник Бектеши заедно со премиерот Ковашевски најавија замрзнување на цените и на други производи од брашно како и млечни производи.

Министерот Бектеши на Сител рече дека ќе следат анализи на сите основни прехранбени производи за да се види дали може да се замрзнат и други цени.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски замрзнувањето на цените не го гледа како мудар економски чекор. Коментираше дека наместо Бектеши и Ковачавески да се сликаат со леб низ маркетите, нека седнат и најдат мудро решение.

Од СДСМ велат дека единствени кои се противат на замрзнувањето на цената се профитерите од ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Пратеничката Санела Шкриељ изјави дека нема да дозволат бизнис заработки во време на криза на грб на граѓаните.

Откако вчера пекарите попуштија, денеска маркетите беа снабдени со бел и полубел леб, но во некои маркети граѓаните уште рано утрово ги испразниле рафтовите со бел лебкој сега се продава по цена од 33 денари. Бектеши соопшти дека околу 3 милиони евра ја чинело владата субвенционирањето на електричната енергија за целиот прехранбен сектор.