Лекар од Боговиње позитивен на Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во општина Боговиње, бројот на заразени со „Ковид 19“ достигна 8.

Позитивен на тестирањето бил и доктор. Поради него 156 лица ќе бидат во самоизолација, повеќето се пациенти.

Ова го потврди градоначалникот на Боговиње Аљбон Џемаили. Градоначалничката на Тетово Теута Арифи побара да запре меѓуопштинскиот превоз, со цел спречување на ширењето на вирусот.

Додека вицепремиерот Османи, кој беше во посета на оваа општина рече дека бројот на тестови за Боговиње ќе се зголеми. Инаку, во Тетово има вкупни 49 заразени лица.