Лентата „Отворен Балкан“ сè уште не е отворена – долги колони на ГП „Табановце“ за влез и излез од Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Излегоа надвор од досада поради долгите колони…
Некои од нив чекаа повеќе од еден час, а имаше и такви кои чекаа дури и по три часа.

Нервозна од долгото чекање е и оваа иселеничка:

Како неа, имаше и други граѓани:

-Се движи ли брзо колоната?

„Ех, некако“.

„Еден час можеби. Многу полека се движат“.

И додека патниците чекаа во долгите редици, министрите за транспорт и врски на Македонија и Србија, Благој Бочварски и Томислав Момировиќ се фалеа со „One Stop Shop“ и иницијативата „Отворен Балкан“. Бочварски рече дека поставувањето на заеднички граничен премин со Србија го намалило времето на чекање на граница. Како што вели, „Отворен Балкан“ дал резултати за проток на стока, а возилата поминуваат побрзо за разлика од порано. Бочварски додава дека само на „Табановце“ за еден месец поминале 133 илјада патници.

Но, лентата предвидена за земјите кои се дел од иницијативата „Отворен Балкан“ сѐ уште не профункционира. Директорката на Царинска управа, Славица Кутиров вели дека работат на нејзино отворање.

Српскиот министер за транспорт и врски, Томислав Момировиќ, говореше за важноста на иницијативата „Отворен Балкан“.

„Мислам дека на овој граничен премин може да се види колку многу е потребен „Отворен Балкан“, јас би рекол неопходен. Ова е најголемиот проект во последните 30 години, кој почна од највисоките претставници на Србија, Северна Македонија и Албанија. Ние треба да продолжиме да го развиваме проектот“, вели Томислав Момировиќ.

Матеј Закоњшек од Секретаријатот на Транспортната заедница при ЕУ, вели дека границите со заеднички премин се најдобар начин за намалување на чекањето и зголемување на капацитетите.

„Без оглед колку добра инфраструктура имаме, без оглед колку ги модернизираме патиштата, железниците и сѐ друго, ако не ја користиме доволно оваа инфраструктура и патниците чекаат долго на граничните премини… Затоа овој интегриран вид на граница е најдобриот начин за намалување на чекањето и зголемување на капацитетите“, посочи Матеј Закоњшек.

Долги редици имаше од двете страни на границата, односно и за влез, и за излез од Македонија.