Од кога е пандемијата Ковид-19, многу авио компании се сетиле на „летови кои не одат никаде“.
Во Јапонија, Сингапур, Австралија, со едночасовен лет може да ја обиколите земјата виртуелно, стана хит за луѓето кои сакаат патувања со авион.
Во Украина националната авиокомпанија „Украина интернешнл“ ќе им понуди на своите патници лет на мала височина над Киев до Чернобил.
Првиот лет ќе се одржи на 7. март и ќе трае 1 час и 15 минути. Верувале или не, картите се веќе распродадени. Новиот лет е планиран за 13 март.
Патувањата ќе се одвиваат со авион „Ембраер 195; авионот ќе лета на 900 метри, над реката Дњпар, кон Чернобил.
Чернобилската зона и натаму има количина на зрачење, но изгледа дека сите ја занемаруваат тоа. Чернобил е оддалечен околу 100 километри од Киев.
