„Ова се двата хеликоптери Агуста Бел на воздухопловната единица про МВР. Станува збор за за два мултифункционални хеликоптери. Како изгледа летот, за што се користат и екипата на ТВ21 леташе на 300 метри височина, погледнете.“, вели репортерот на ТВ21.
Пилотите ги вршат последните подготовки пред полетување. Дождот не беше проблем за нашиот лет, бидејќи хеликоптерите на полицијата се користат токму и во вакви услови, за акции на тешко пристапен терен и во лоши временски услови.
Ако во 2015 година во функција беше само еден воздухоплов, сега полицијата има четири. Два мултифункционални, еден за обука и тренажни летови и најголемиот во кој може да се лекуваат до 9 лица или пак пренесуваат автомобили или други тешки товарни возила до 4 тони.
„Ова ни е најголема предност, бидејќи со него може да полнеме гориво на лице место и може да останеме до 8-9 часа на лице место и да работиме непрекинато.“, изјави командирот на воздухопловната единица.
Задоволен е и министерот.
„Единицата ги достигнува сите перформанси на работењето согласно стратешките потреби на нашето министерство, посебно задоволно причинува фактот што оваа единица ја негува и родовата еднаквост односно може да се пофалиме дека имаме и жена пилот.“, рече Спасовски.

Хеликоптерите помагаат во спасување на животи, специјални акции на единиците, а во иднина и за медицински потреби.
„Да комплетираме еден целосен тим од МВР со целосна опрема во еден воздухоплов и секако тим од Министерство за здравство за здравстевн транспорт низ државата, што ќе биде за прв пат во РСМ, не од сега , туку за прв пат од посторењето во овие 54 години на оваа единица“, изјави Спасовски.
Оваа година набавена е и дополнителна опрема со која хеликоптерите ќе се вклучат во евентуалната потреба за гасење на шумски пожари со најсовремена опрема.
Нашиот лет заврши успешно иако во лоши временски услови. Америчкиот војник и пилот Чак Јегер рекол: „Најдобрите пилоти летаат повеќе од другите, затоа тие се најдобри“. Такви се и нашите. Летаат редовно, а ги оставаме во базата Идризово со надеж за мирно небо, бидејќи за нив летањето е повеќе од работа и спорт.