Левица: Венко Филипче да си поднесе оставка за неговата неодговорност и продлабочувањето на кризата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според бројките од статистичките извештаи, кои се објавуваат на светско ниво на веб сајтот www.worldometers.info/coronavirus, Македонија е прва во светски рамки по број на починати во 24 часа на милион жители. Доколку се земе предвид број на иселени жители, состојбата е уште покатастрофална, стои во испратеното соопштение од политичката партија Левица.

„Ова уште еднаш ја покажува алармантно лошата кондиција на нашиот здравствен систем, неквалитетното менаџирање со кризата и неодговорноста на министерот за здравство, Венко Филипче. Тој на почетокот на пандемијата, рече дека пикот на заразени се очекува да достигне до 2000, а како што може да се види од објавените бројки, до вчера вкупно детектирани заразени се 26.954 лица, а активни 7.408. Секако овде треба да се земе предвид дека во вкупната бројка влегуваат и болните со симптоми и позитивните без симптоми“, велат од Левица.