Лични навреди на првата дебата на Трамп и Бајден: „Вие сте кловн и најлошиот претседател“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кандидатите за иден претседател на САД, Доналд Трамп и Џо Бајден имаа жестока вербална пресметка во текот на дебатата. Тие луто викаа и се прозиваа, а темите беа пандемијата, економијата и белата надмоќност.

Бајден му рече на Трамп дека е „кловн“, и во еден момент загуби нерви и му кажа да замолчи. Бајден го обвини трамп дека е најлошиот претседател на САД, а овој му врати:

„Јас имам сторено повеќе во овие 47 месеци, отколку ти во 47 години за САД“.

Бајден рече дека неговиот противкандидат Трамп реагирал панично за коронавирусот, и му порача да реагира побрзо и помудро. Досега коронавирусот во САД уби 200.000 луѓе.

Трамп цело време за време на обраќањата на Бајден, му се уфрлаше во зборот, со што Бајден реагираше.

На пет недели до изборите, анкетите му даваат едноцифрена предност на Бајден.