Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски утревечер во „Click Plus“ на ТВ21

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со лидерот на партијата која во моментов ја бранува јавноста во Македонија, Христијан Мицкоски утревечер ја започнуваме новата телевизиска сезона на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Одговор на сите отворени прашања поврзани со партијата и државата утре ги бараме од лидерот Христијан Мицкоски во живо од студиото на ТВ21 во центарот на Скопје.

И оваа сезона дебатниот магазин „Click Plus“ продолжува во својот препознатлив термин од 21 часот и 30 минути, на програмата на ТВ21, а во живо може да го следите на нашите друштвени мрежи како и веб страницата на ТВ21.

И оваа сезона ваши домаќини ќе бидат добропрепознатливите лица на ТВ21: Фатмир Алиу, Љубиша Цветкоски, Един Растодер, Ерол Шаќири и Борјан Јовановски.