Ликвидиран напаѓачот на Тајланд, убиени 26 лица, ранети 52 (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тајландските сили за безбедност го ликвидираа војникот кој во својот крвав поход уби 26 лица, и рани 52. Мотив за неговиот напад бил инает поради направениот договор со државата, после кој се почувствувал излажан.

Војникот бил убиен после повеќечасовна опсада на еден трговски центар во градот Корат, 250 километри оддалечен од Бангкок.

Јакрапанта Томи работел како војник, а крвавиот напад го почнал во воен кампус, при што убил еден надреден и двајца колеги. Потоа украл џип и заминал во трговскиот центар каде што почнал со пукање, и земал и заложници. Во самиот трговски центар се слушнале и неколку експлозии.