Изгаснат пожарот во „Декортекс“ во Радовиш, пожарникарите со часови во пожртвувана борба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера во Т.П.П.Е Радовиш пријавен пожар во магацин во просториите на поранешен Декортекс. Пожарот бил во разгорена фаза поради брзо запаливите материјали кои што беа во него, информираа од пожарникарската служба на градот на социјалните мрежи.

За неполни три минути од пријавата за пожар е излезено на терен и веднаш биле мобилизирани сите пожарникари, на помош пристигнале и екипи од Т.П.П.Е Струмица и Д.П.Д.Мантово.

Командирот Кулушиќ на кратко излегувајки од просториите кои што беа во пламен на кратко изјави пожарот е под контрола, дека гаснењето продолжува за пожарот целосно да биде изгаснат.

Сите пожарникари пожртвувано влегоа во просториите кои што беа во пламен, ризикувајќи ги безпоштедно своите животи.

„Пожарот е изгаснат.Како и од што настанал пожарот накнадно ќе утврдуваат службите кои што излегоа на терен“, соопштија од Пожарна Радовиш.