Лимани на дружење со децата од групните домови при ЈУ „25мај“ – им донесе новогодишни пакетчиња

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани ги посети децата од групните домови при ЈУ „25 мај“. Во духот на новогодишните празници, посетата беше и прилика за новогодишни подароци и дружење.

Во моментов 16 деца на возраст од 11 до 18 години се згрижени во станбените единици при Јавната установа 25 Мај, деца со воспитно- социјални проблеми и нарушено поведение. Децата тука добиваат 24 часовна грижа од стручен тим и со нивна поддршка ги извршуваат своите секојдневни обврски.

Тие преку индивидуална работа со секое дете го откриваат неговиот потенцијал и го насочуваат и охрабруваат да ги оствари своите идеи и планови. Заедно ги надминуваат и предизвиците но, заедно ги  прославуваат и  победите и успесите, бидејќи функционираат како едно големо семејство во кое секој член е еднаков.

Со трансформацијата на институционалната грижа во групно домување, освен што се  подобрени условите за живот на децата, младите до 18 годишна возраст стекнуваат нови пријателства со своите врсници од опкружувањето. Преку заедничкото живеење тие стекнуваат навики за меѓусебно помагање и поддршка.